Четврток, 12 Декември 2019 14:07 |
Во периодот од 21- 23 ноември во Охрид, НВ ЕХО и Организацијата на жени од Струмица реализираа работилница за подготовка на Акциски план за Мултисекторските тимови на заедницата за ефикасна заштита на жени и девојки изложени на насилство. На работилницата учествуваа членови на мултисекторските тимови од Штип и Струмица кои дадоа активен придонес во подготовката на заедничкиот акциски план. Работилницата е дел од активностите во рамки на проектот „ Да креираме бранови на промени за родова рамноправност, што ЕХО го спроведува со финансиска поддршка на фондацијата Kvinna till Kvinna.
|
Повеќе...
|
Вторник, 10 Декември 2019 11:02 |
Во периодот од 2 до 5 декември во Маврово се одржа обуката за обучувачи за концептот родова еднаквост и родово одговорно буџетирање како дел од проектот „Промоција на родовo одговорни политики и буџети: Кон транспарентно, инклузивно и одговорно управување во Северна Македонија“, финансиски поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка и Шведската меѓународна агенција за развој - Сида.
|
Повеќе...
|
Вторник, 19 Ноември 2019 11:41 |
На 14 ноември 2019 година со почеток во 11 часот во Сала 2 на Општина Штип се одржа прв состанок на Интерсекторската група за еднакви можности. Состанокот беше закажан на иницијатива на менторката за родова рамноправност ангажирана од UN Women , Кристина Хаџи Василева.
|
Повеќе...
|
Вторник, 05 Ноември 2019 10:47 |
По повод Светската недела за борба против остеопороза, на 4 ноември 2019 во Салата на Советот на Општина Штип се одржа предавање на тема „ Остеопороза – превенција и лекување“ . Предавач беше д-р Светлана Тофиловска Јосифовска, интернист од ЈЗУ Клиничка болница Штип, а учесник во предавањето беше и сестра Бети Чурај од ЈЗУ Здравствен дом Штип која работи на апаратот за откривање н а остеопорозата.
|
Повеќе...
|
Четврток, 31 Октомври 2019 14:26 |
На 25 октомври во просториите на ЗЕЛС координаторката Ирена Николов одржа координативна работна средба со општинските координатори за еднакви можности. На средбата беше присутна координаторката од Штип Снежана Санева.
|
Повеќе...
|
Четврток, 24 Октомври 2019 08:01 |
Од 2 до 4 октомври 2019 год во Берово се одржа обука на тема: „Користење и спроведување на Законот за спречување и заштита од дискриминација на локално ниво за унапредување на правата на маргинализираните заедници“. Проектот е финансиски поддржан и организиран од граѓанските организации кои се дел од националната мрежа за заштита од дискриминација. На обуката беа поканети претставниците од Локалните координативни тела за заштита од дискриминација на општините Штип, Струмица и Куманово. Овие тела беа формирани во 2016 година , како дел од проектот за унапредување на правата на маргинализираните групи во локалните самоуправи и во Собранието на Република Македонија.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 16 Септември 2019 13:08 |
На 12 септември 2019 година година се одржа 10 –та седница на Комисијата за еднакви можности жените и мажите на Република Северна Македонија. На седницата се оджа јавна расправа на тема Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.
|
Повеќе...
|
Понеделник, 16 Септември 2019 09:38 |
На 12 септември 2019 година година се одржа 10 –та седница на Комисијата за еднакви можности жените и мажите на Република Северна Македонија. На седницата се оджа јавна расправа на тема Годишен извештај за спроведување на Стратегијата за родова еднаквост за 2018 година.
|
Повеќе...
|
Вторник, 18 Јуни 2019 09:34 |
Во 2019 година продолжи веќе воспоставената соработка помеѓу Општина Штип и Телото на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women). Беше потпиша Меморандум за разбирање помеѓу градоначалникот на Општина Штип, г. Благој Бочварски, како одговорно лице кое ја претставува општината и г-ѓа Алиа Ел Јасир, регионална директорка на Телото UN Women, за Европа и Централна Азија.
|
Повеќе...
|
Петок, 22 Март 2019 11:55 |
По повод 21 март, Светскиот ден за заштита од расна дискриминација, членовите на Локалното координативно тело за заштита од дискриминација кое функционира како мултисекторско тело составено од претставници од повеќе институции во Општина Штип, како и вработени во општинската администрација поделија флаери на граѓаните.
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 Следно > Крај >>
|
Страница 2 од 6 |