Вторник, 28 Ноември 2017 09:14 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочвaрски денес присуствуваше на локална трибина за подигање на свеста кај Ромската популација за важноста од превентивна здравствена заштита и стекнување на правото за здравствено осигурување.Трибината е во организација на ХЕРА - Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка на канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
|
Повеќе...
|
|
Вторник, 28 Ноември 2017 08:37 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски синоќа ја продолжи серијата на состаноци и средби со жителите на урбаните заедници во Штип. Повод за средбите беше изготвувањето на новиот буџет на локалната самоуправа за 2018 година и утврдувањето на ставки за реализација на проекти кои урбаните заедници ќе ги побараат од општината и градоначалникот.
|
Повеќе...
|
Петок, 24 Ноември 2017 09:21 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочаврски од синоќа ја започна серијата на состаноци и средби со жителите на урбаните заедници во Штип. Повод за средбите е изготвувањето на новиот буџет на локалната самоуправа за 2018 година и утврдувањето на ставки за реализација на проекти кои урбаните заедници ќе ги побараат од општината и градоначалникот.
|
Повеќе...
|
Четврток, 23 Ноември 2017 14:51 |
Регионалната стопанска комора со седиште во Штип, денес оддржа седница на која присуствуваше и ново-избраниот градоначалник на Штип, Благој Бочварски. Средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и за отпочнување на соработка помеѓу штипските стопанственици и новото раководство на општината:
|
Повеќе...
|
Четврток, 23 Ноември 2017 14:32 |
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски и претседателот на Советот на Општина Штип, Јане Миланов денес имаа средба со претставници на НДИ и на ромското здружение „Рома С.О.С“ во врска со проекти за подобрување на состојбата на Ромската заедница во градот.
|
Повеќе...
|
Четврток, 23 Ноември 2017 14:19 |
Вчера се оддржа втората седница на Советот на Општина Штип на чиј дневен ред беа неколку точки.
|
Повеќе...
|
Четврток, 23 Ноември 2017 14:09 |
Клиничка болница-Штип доби нова донација во опрема и помагала во вредност од 200.000 евра, а која ја обезбеди шведската Невладина организација „Хенд Тил Хенд“, преку брачниот пар Розенгрен. Марија Розенгрен вели дека ова е четврта донација, а се заблагодари на градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски кој се ангажирал за да донацијата пристигне побргу во болницата.
|
Повеќе...
|
Среда, 22 Ноември 2017 13:54 |
Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски вчера попладне го посети Штип и оствари низа работни состаноци со претставници на институциите од областа на културата во градот кои се во надлежност на министерството.
|
Повеќе...
|
Вторник, 21 Ноември 2017 12:37 |
Денес во Општина Штип се оддржа седница на Советот на градоначалници при Источниот-плански регион. Едногласно, градоначалниците од 11 општини на истокот, з анов претседател на Советот на градоначалници го избраа градоначалникот на Кочани, Николчо Илиев:
|
Повеќе...
|
Вторник, 21 Ноември 2017 12:15 |
Претставници на здруженијата „Сплотени срца“ и “5 до 12“ денес имаа прва официјална средба со градоначалникот на Штип, Благој Бочварски. Тие ги пренесоа своите барања и предлози со кои ќе се помогне на оваа категорија на граѓани. Побараа утврдување на локација на која ќе се гради Регионален центар за рехабилитација на деца со посебни потреби со можност прво да се пронајде постоечки објект кој би бил преадаптиран за оваа намена:
|
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 61 62 63 64 65 66 67 Следно > Крај >>
|
Страница 65 од 67 |